
36 учесници од Русија, Бугарија и Македонија поделени во две групи се дел од Меѓународната конференција која се релализираше на Факултетот за образовни науки при УГД Штип. Поводот за реализација на првата меѓународна конференција е јубилејот 10 години постоење на Институтот за историја и археологија.
„Оваа година на конференцијата, на првата меѓународна конференција, оти институотот има организирани и други конференции, сега учесници имаме од Русија, Бугарија и Македонија и нивниот број е вкупно 36. Ќе имаме презентации Тие се поделени во две групи, едната е за оргнизирање на сесии за антика и среден век, додека другата група ќе ги организира сесиите за модерниот период.“ – вели Нацев.
Институтот за историја и археологија во рамки на своето постоење се одржани неколку проекти како погребување под могили во Општина Конче, палеолитски истражувања во Источна Македонија и многу други. Организирани се и неколку трибини за антика, среден век и за Осмалискиот период.

Меѓународната научна конференција беше под мотото „Македонија-Крстопат на епохи цивилизации и култури, Историја-Археологија-Уметност“. Целата финансиска поддршка за рализација на оваа конференција е на УГД Штип.
Лаура Стојанова М-Нет