Сѐ поизвесно е дека на парламентарните избори во Штип ќе се распише и референдум

Се поизвесно е дека заедно со парламентарните избори наредната година штипјани ќе ќе гласаат и на референдум за искористување на парите од самопридонесот. Првиот човек на Штип вели дека најдобро би било веднаш штом се утврди датумот за парламентарните избори да се донесе одлука за распишување на референдум во Штип. На тој начин ќе се заштеди, а парите ќе се искористат за промена на старата и дотраена водоводна мрежа.

„Во интерес на решавање на овој проблем сметам дека крајно време е да се распише тој референдум на датумот на одржување на парламентарните избори. Во насока на ова веднаш штом ќе се утврди датумот за избори, цеќе разговатав со поголем дел од советниците ќе закажеме седница на совет со која ќе се донесе одлука за распишување на референдум кој би требало да се одржи на истата дата кога ќе бидат парламентарните избори.“ – вели Јорданов.

За точно поставеното прашање дополнително ќе се одлучи вели Јорданов, ама ќе биде во насока граѓаните да дадат согласност парите да се искористат за примена на водоводаната мрежа. Јорданов е оптимист дека ќе добие зелено светло од штипјани за решавање за проблемот со кој се соочуваат секојдневно.

„Сигурно ќе биде во насока на тоа дали се согласни граѓаните средствата кои со години наназад се замрзнари се искористат за промена на старата водоводна мрежа. “ – додава Јорданов.

Општината и ЈП Исар бараат и дополнителни средства за целосно да може да се промени старата и дотраена водоводна мрежа во Штип. Инаку, за парите од самоприодонесот се распишувани два референдуми во Штип но ниту на еден од нив граѓаните не се изјасниле позитивно, па парите стојат замрзнати на сметка.

Лаура Стојанова М-Нет