
Нови 170 канделабри ќе го осветлуваат кејот на река Отиња. Градежните активности на терен веќе се започнати, а се очекува да завршат до крајот на оваа година. Станува збор за инвестиција на Општина Штип во соработка со УНДП, во вредност од шест милиони денари. Градоначалникот Иван Јорданов посочи дека со ова централното градско подрачје во Штип ќе добие нов и модерен изглед.
„Општина Штип во изминатиот период заеедно со УНДП започна проект за целосно осветлување на коритотот на река Отиња, којшто проект е вреден 6 милиони денари. Проектот и идејата е од форумите кои се направени со граѓаните и потребата која ја нотираат граѓаните за целосно осветлување на кејот на река Отиња. До крајот на годината очекува да заврши проектот со едно модерно решение со поставување на повеќе од 170 канделабри и лед светилки низводно на река Отиња од двете страни“ – вели Јорданов.
Предвидено е освен целосно осветлување на кејот на река Отиња, коритото целосно да се уреди со нови над 1500 садници, како и да се постават нови клупи и утрбана опрема.
Лаура Стојанова М-Нет