Отворена сензорна соба во ООУ „Гоце Делчев“ Штип за децата со попречености

Нова целосно опремена сензорна соба доби штипското основно училиште „Гоце Делчев“. Собата е со намена за децата со разни попречености кои ќе може да ја користат собата и на таков начин целосно да се вклучат во редовниот образовен процес. На ваков начин се помага и децата со разни попречености индивидуално да ги постигнат своите цели и да прераснат во независни личности.

„Мислам дека јасна е пораката дека инклузивното образование е реално, секое дете своето место треба да го најде во редовните училишта, а нам ни е обврска да обезбедиме квалитетно образование. Сензорната соба која денеска се отвара преставува една можност, едно дополнување на ресурсите за учење во рамки на ова училиште“ – вели

Со отворањеето на новата сензорна соба училиштето добива еден од најклучните елементи со што во редовниот процес на образованието ќе може полесно да се вклучат и децата кои имаат некои попречености.

„Оваа сензорна соба преставува еден безбеден простор, мултисензорен простор кој ќе биде за децата со попреченост пред се учениците кои имаат хиперактивно однесување, растројство од аутистичен спектар, ученици кои имаат проблеми во моториката како и ученици со интелектуална попреченост“ – вели Ташкова.

Во ООУ „Гоце Делчев“ Штип инклузирани се десет ученици и ваквите проекти како пуштањето на сензорната соба денеска се од големо значење и за учениците и за наставниците потенцираше директорот Митев.

„Во нашето училиште имаме инклузирано 10 ученици од кои пет се со образовни асистенти. Оваа сензорна соба многу ќе ни помогне и ќе ни ја олесни работата со учениците со попреченост.“ – вели Митев.

Отворањето на сензораната соба е финансиски подржано од Гис во соработката со фондацијата Чекор по чекор, а во соработката е вклучена Општина Штип и основното училиште „Гоце Делчев“.

Лаура Стојанова М-Нет