
Склучување на договори, зголемување на надоместокот и решавање на статусот, вработените на договор на дело во Клчиничка болница Штип денеска одржаа состанок со првиот човек на болницата. Педесетина болничари и хигиеничари кои во болницата веќе три години работат на договор на дело побараа да се реши нивниот статус и да добијат вработување на неопределено време. Дополнително на ова побараа и покачување на надометокот кој го примаат. Директорот доктор Ален Ѓеорѓијев истакна дека како директор се што е во негова надлежност ќе биде преземено за овие лица да го добијат заслуженото место.
„Се договоривме дека делот кој зависи од мене како директор ќе сториме се. Идната година да склучиме договори со нив, ќе се потрудиме надоместокот кој тие го примаат како договор за дел да го зголемиме за неколку илјдаи денари и на крај заклучивме дека е најважниот дел е на тие луѓе да им се реши статусот да бидат примени конечно на неопределено време. Ние се уште го чекаме одговорот за болничари и хигиеничари, се уште немаме одговор. Искрено се надевам дека се уште има време и дека ќе ни биде позитивно одговорено“ – вели Ѓеорѓијев.
Болничари и хигиеничари кои работат на договот на дело имаат стаж од најмногу три до четири години. Ѓеорѓијев се надева дека ќе добие позитивен одговор од финансии за вработување на нов технички персонал.
„Имаме од прилика три до четири години најдолго, ние последниот прием го направивме пред три години на болничари и хигиеничари од тогаш наваму немаме, значи некаде три до четири години се луѓето со најголем стаж кои работат во тој дел.“ – додава Ѓеоргијев.
Инаку проблемот со техничкиот персонал во штипската болница се провлекува со години, оти овие лица се вработени на договор на дело и недостасуваат.
Лаура Стојанова М-Нет