Гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт ќе имаат ексклузивна можност да го проследат натпреварот од 10. коло од Трета лига – Север меѓу ланскиот второлигаш Пехчево Скопје и Шкендија Арачиново.
Улогата на фаворит ќе ја има Шкендија која силно ги посакува трите бодови со цел атак на првото место кое води во баражот за Втора лига, за домашниот тим и реми ќе биде позитивен исход.
Натпреварот ќе се одигра на теренот во Марино, скопско, каде главен судија ќе биде Александар Василевски.
Стартот на преносот на М Нет Спорт е закажан во 13:30 часот.