Одличен натпревар на Брегалница во Кратово, неискористени шанси за три бода

Штипска Брегалница и Силекс ја отворија 12-тата рунда од Првата македонска фудбалска лига во меч каде немаше погодоци (0:0), но имаше многу шанси за погодоци и на двете страни.

„Сините“ предводени од Горан Здравков одиграа одличен натпревар, типично прволигашки, со изразити шанси за погодок, но сепак на крај реми без голови на тешкиот терен во Кратово каде Силекс не е поразен оваа сезона.

Во првото полувреме Бреглница имаше можност за водство преку Вебстер и Андерсон кои не реазлизираа одлични шанси.

Најзрелата шанса Брегалница ја имаше во 42. минута од мечот кога Андерсон промаши буквално празен гол за водство на Брегалница, откако не реализираше од неколку метри по корнерот од левата страна. Ситуација на промашување на која и домашниот голман се крстеше и се чудеше што промаши Андерсон.

Во второто полувреме Силекс имаше шанси, но немаше реализација. Во финишот Брегалница имаше уште една добра шанса за гол, но Ангелески спаси и ја исфрли топката во корнер, а потоа Роналдо Вебстер одново се закани, но одново немаше гол. Одличен квалитетен прволигашки натпревар.

Брегалница во дуелите оваа сезона со Силекс е подобра, откако во Штип со 2:1 славеше над Силекс, а во Кратово одигра „нула“ и го продолжува позитивниот тренд на резултати.

Колото ќе биде комплетирано утре со останатите пет натпревари за што веќе објави телевизија М Нет.