
По повод одбележувањето на Денот за борба против мозочен удар – 29 октомври денеска во Кочани се спроведе акција, во која медицински лица мереа крвен притисок, холестерол и гликемија на граѓаните, истовремено запознавајќи ги со симптомите и начинот на лечење на мозочниот удар. Пред Општата болница со проширена дејност во Кочани граѓаните одблизу се запознаа со причините за мозочен удар, а добија и совети сите промени во своето здравје навремено да ги пријавуваат. Според медицинските лица, бројот на мозочни удари во последно време е зголемен, а ова е петта причина за смртност кај граѓаните.
„Денес, 29 октомври, е Ден против борбата на мозочниот удар. Се спроведува акција за мерење притисок, за граѓаните да бидат запознаени со ризик факторите за добивање мозочен удар. Мозочниот удар престатвува петта причина за смртност кај граѓаните. Деновиве има зголемување на бројот на пациенти кои имаат мозочен удар, така што ние решивме да им покажеме на пациентите која е превенцијата за да не дојде до мозочен удар, да ги запознаеме со симптомите и да побараат лекарска помош“, кажа Серафимова.
