
Кораб со убедлива победа од 6:2 над Демир Хисар изби на врвот од табелата во Трета лига – Југозапад.
Некогашниот второлигаш од Дебар до триумфот со хет-трикот на Ујкан Муча, двата гола на Блерон Муча и голот на Фатјон Леши. За гостите стрелаа Андрески и Нечовски.
Кравари со 2:3 дома беше поразен од Лирија од Грнчари. За домашниот тим Алимовски беше двоен стрелец, а за гостинот Камбери погоди еднаш, а Реџепи беше двоен стрелец.
Јанг Тим со 4:2 на домашен терен беше подобар од новајлијата Светлост, откако Уљо беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Османи и Лена. За гостинот Бучиноски беше двоен стрелец.
Прва радост за Сатеска откако на домашен терен со 2:1 беше подобра од Преспа. Секулоски и Митрески беа стрелци за домашниот тим за прво сезонско славје, а за гостинот голот го постигна Пластиновски.
Екипата на Влазними во оваа коло беше слободна.