Горан Симов повеќе не е тренер на Македонија ЃП

Денешниот висок пораз од 0:3 на Македонија ЃП од актуелниот шампион Струга беше пресуден за спогодбена разделба на “лавовите” со тренерот Горан Симов.

Соработката помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Горан Симов почна во многу деликатен период, но на крајот од минатата сезона заврши со историски успех, освојување на Купот на Македонија, втора година по ред.

Симов ја водеше екипата на Македонија ЃП седум месеци.

“Почитувани, Ве известуваме дека денес спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер Горан Симов, кој ја водеше нашата екипа во изминатите 7 месеци. Соработката помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Горан Симов почна во многу деликатен период, но на крајот од минатата сезона заврши со историски успех, освојување на Купот на Македонија, втора година по ред. Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, посебно во првенството, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер. За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од се срце на Горан Симов и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина”, се вели во соопштението на Македонија ЃП.

Во следниот период прволигашот од Ѓорче треба да назначи нов тренер, кој ќе биде наследник на Горан Симов.