Одрони на патот кон Берово причина за инцидент – возило остана без двете гуми

Одрони на патот кон Берово на пат оставија неколку лица кои патуваа од Велес. Врнежите од дожд дополнително придонесоа за уништување на автомобилот, со што патниците загалвија на улица во темница без можност да се вратат назад. Велат дека одронот одеднаш се нашол пред нив што немало време за да се избегне.

„Ништо, наеднаш видов одрон, кола имаше од другата страна, немав каде и во најголемиот камен. Од таму наваму почнавме да рипаме. Двете гуми „отидоа“, ние сме од Велес, каде да одиме по темницата.

Иако неколку часа по индицдентот патот беше прилагоден за движење и на двете коловозни ленти, предувпредување од АМСМ имаше и утринава.

„АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.“

Дополонително од таму известуваат дека Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината, оштетени се темелите на мостот на Црвена река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Во меѓувреме Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Лаура Стојанова М-Нет