
„Ни горчат вашите бонбона бизинси, Стоп за Мала река – Со транспаренти граѓаните во Кочани излегоа на мирен протест против изградбата на минихидроцентралата на Мала река. Лошите временски услови не ги спречија уште еднаш да го покажат своето незадоволство кога е во прашање проектот Мала река. Бараат оспорување на веќе издадените дозволи од претходно како и приказ на јавната расправа на која е дадено позитивно мислење. Поддршка добија и од политичката партија Левица Кочани со цел да се спречи овој проект.
„Проектот Мала река очигледно наназад со години се протира на мала врата, во повеќе наврати со голем број на измами, крајно нелигитимно проектот се реализира. Мала река е вистина мала река, станува збор за еден многу мал водотек којшто ако го зафатат таму капка вода нема да тече, ќе изумре целиот жив свет, а да не зборувам за дрвосекот кој се случи за да пристапат до таму. Граѓаните го искажуваат своето незадоволство“ – вели Филипова Свеќаровска.
Дополнителен проблем е и користењето на патот кој води кон брана Градче. Како што посочија на протестот тешките возила го уништуваат патот, а тоа е спроивно на сите законски одредби.
„Рано летово е дадена дозвола да се користи локалниот пат и покрај тоа што тоа се коси со постојните законски одредби бидејќи по тој пат се движат возила кои се над 5 тона тешки што значи ќе останеме и без патот до брана Градче.“ – додава Филипова Свеќаровска.
Надлежните да преземат одговорност се порача од протестот во Кочани. Во спротивно протестите ќе се радикализираат со физичко попречување на изведбата на работите.
Лаура Стојанова М-Нет