Притворен крадец во Штип осомничен за кражба и разбојништво

Криминалистичката полиција од СВР Штип во содејство со Полициска станица Штип, расветлија две кривични дела „разбојништво“, едно кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ и едно кривично дело  „тешка кражба“ од куќа извршени од страна на Ѓ.М.(27) од Штип.

СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“.

Пријавениот во два наврати, на 16.06. и 23.06.2020  со намера за себе да прибави противправна имотна корист со употреба на сила и подесен предмет ја отворил влезната врата на куќа на ул.„Личка“ во Штип сопственост  на Р.Ј. (81) од Штип, влегол внатре при што и во двата наврати физики ја нападнал и со закани и одзел златен накит и пари.

Од страна на судија на претходна постапка на Ѓ.М. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.