
Во последните 24 часа во штипската клиничка болница починале двајца пациенти од КОВИД 19. Директорот д-р Ален Георгијев рече дека станува збор за пациенти на 80 и 75 годишна возраст, првиот хоспитализиран на 5 јуни, а вториот донесен во текот на вчерашниот ден во критична состојба, кај кого вирусот е откриен пост мортем. Директорот, д-р Ѓеорѓијев додаде дека и во саботата починала 83 годишна пациентка.
Заклучно со денес во штипската клиничка болница се хоспитализирани 22 лица со КОВИД 19, додека за двајца сомнителни се чекаат резултати, истакна д-р Георгијев.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА
Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ
Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ