Светиниколските пензионери правда ќе бараат пред странски Амбасади, денеска повторно на улица

Светиниколските пензионери и денеска на улица со исти барања, не остапуваат од барањето за линеарно покачување на пензиите за 3500 денари. Според нив ова е најправедното барање на пензионерите што би требало да биде прифатено од страна на Министерството за труд и социјална политика. Децидни дека на улица остануваат се до исполнување на своите барања.

„Да не се извртуваат работите дека 3500 денари е нешто недозволиво и неправедно. Тоа е најправедното барање и најниско барање штого поставуваат пензионерите и од името на пензионерите од Свети Николе“

Бидејќи до сега не наидоа на договор со ресорното министерство, пензионерите истакнаа дека правдата ќе ја бараат пред странските Амбасади. Децидни дека не бараат социјална помош туку си ги бараат парите од нивниот минат труд.

„Веќе продолжуваме да одиме пред странските Амбасади таму ќе ги искажеме нашите незадоволства бидејќи со вас не можеме да дојдеме до договор. Протестите продолжуваат, не се откажуваме од нашето линеарно барање, не ви бараме социјална помош, си го бараме нашиот труд“

Како министерката Тренчевска седнува на маса кога пензионерите немаат пари ни за леб прашаа денеска граѓаните од третата доба од Свети Николе.

Протестите продолжуваат децидни се пензионерите, а закажан е и голем масовен протест пред Влада во Скопје.

Лаура Стојанова М-Нет