
Десета година по ред во Штип се одржа Академија на која се доделија признанија, а втора година по ред и ваучери за најистакнатите наставници од основните и средни училишта како и од градинките на територија на Штип. Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека освен со ова се вложува и во инфраструктурата со цел дасе подобри образованиот процес во општината.
„Многу од она кое го комуницираме и од кое произлегуваат нашите обврски како директни чинители – имаме обврска заедно да ги релаизираме во насока на подобрување на воспитно образовната дејност, но и самата инфраструктура во градинките, во основните и средни училишта“ – вели Јорданов.
Голем број предизвици, многу проблеми и желба да се постигнат резултати и да се научат децата нешто плус. Наставниците свесни за новото време во кое живееме велат дека се прават напори децата да добијат квалитетно образование.
„Учителот е столбот на општеството, децата се нашата иднина иако во последно време образ овниот процес е со големи оптоварувања, проблеми од секаков тип сепак учителот си ја знае задачата и се надевам дека образованието ќе продолжи по истиот пат како досега“ – вели Иванова.
Работилници, проекти, многу внимание и напорна работа е она што наставниците го прават и треба да го прават во иднина за да може децата од најмали нозе да научат.
Лаура Стојанова М-Нет