Граѓаните се лекуваат на „своја рака“, зголемена потрошувачката на седативи и антибиотици

Зголемен бројот на издадени рецепти за седативи, граѓаните се повеќе користат антибиотици и се лекуваат на своја рака. Со ова се зголемува можноста од несакани последици кои се појавуваат нешто покасно, велат медицинските лица. Се почестото користење на седативи и антибиотици е загрижувачки податок кој е се почест во државата.

„Во последната година има зголемен број на издадени рецепти за седативи, ама за жал е зголемен и бројот на антибиотици. Тоа е лекување на своја рака што реално не е добро, и нус појавите се чувствуваат подоцна. Неправилното и неразумно користење на антибиотици може да остави големи последици врз нашето здравје„ – вели Митрова.

Од Фармацевтската комора на Македонија апелираат до граѓаните да не земаат лекови на своја рака со што во опасност би го довеле сопственото здравје.

„Кај нас навистина имаше зголемена потрошувачка на антибиотици се виде тоа и за време на короната. Апел до пациентите да не земаат лекови на своја рака, секогаш да ги почитуваат препораките од страна на лекари. Кај нас навистина потрошувачката на лекови, на антибиотици и на било кој други лекови за разликаод другите земји е на едно повисоко ниво.“ -вели Ставрева.

А, граѓаните со став дека потребни се седативи за да се опушти организмот. Ретко велат денеска некој да живее без да користи седативи.

Антибиотиците се лекови кои се издаваат во аптека само со рецепт од матичен лекар,а ова важи и за издавањето седативи.

Лаура Стојанова М-Нет