
Од денеска официјално започна поставувањето фотонапонска централа на кровната конструкција на штипскиот Центар за култура. Ова е прво поставување на фотонапонска централа на кров на институцијата од областа на културата во државата. На ваков начин ќе се заштеди електрична енергија и за самата институција. На настанот присуствуваше и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој ги охрабри и останатите институции да го следат примерот на штипскиот Центар за култура.
„Се наоѓаме во турболентно време кога енергијата е повеќе од потребна за вакви институции за да се користи за греење, за ладење. Така да ова е апсолутно за почит и сакам да ја искажам целата моја поддршка до директорот поради напорниот и значаен пристап кој го имаше во изминатиот период. Направи еден иновативен проект кој од деенеска веќе ќе ги даде своите резултати“ – кажа Бочварски.
Инвестицијата е приватен капитал во вредност од 130 илјади евра. Со ова на целата кровна конструкција ќе биде поставена фотонапонаска централа со која ќе се произведува електрична енергија.
Фотонапонската централа е со вредност од 240 киловати на час, што значи дека во просек би произведувала по еден мегават на ден, можеби и повеќе. Во склоп на денешниот настан е и изложбата под мотото „Тоше за овој свет“, а изготвена е и музичко забавна програма.
Лаура Стојанова М-Нет