
Срамно и жално е во 21 век граѓаните во Штип секојдневно да немаат вода за пиење,констатираа денеска на пресконференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму додаваат дека сегашната Локална Власт е единственакоја дозволила за две години да сеслучат толку проблеми со водоснабдувањето во градот. Децидни се дека наместо да се решаваат проблемите на граѓаните се работи на задоволување на партиски апетити.
Изјава 1026 00.23 ако 01.23 година Трајче Стојчевски ОО на СДСМ Штип
„Ако пред две години ни ветуваа нова иднина за Штип после две години власт единствено што ни сервираат е враќање во минатото. За апсурдот да е уште поголем мнозинбството во советот предводено од ВМРО ДПМНЕ изгласа неколку поскапувања за граѓаните. Ако за потрошени 11 кубика вода за месец јули 2021 година граѓаните платиле 870 денари на ЈП Исар, за истиот месец 2023 година за потрошени 6 кубика вода платиле 851 денар. Или за скоро дупло помалку потрошена количина на вода платиле иста сметка.“ – велат од СДСМ.
На ова од јавното претпријатие Исар одговорија дека загриженоста на СДСМ би билаоправданадоколку претходно тие работеле домаќински и одговорно.

„Загриженоста на СДС ќе беше оправдана и искрена кон граѓаните на општина Штип, единство ако во минатото кога ја практикува локалната Власт, работата домкински и одговорно. Напротив, локалната Власт која беше предводена од СДС во наследство остави дотраена водоводна мрежа. Ги повикуваме наредниот пат кога ќе даваат изјава, истата да ја дадат на улиците на кои кога ги реконструираа, не извршија замена и реконструкција на водоводната и канализација мрежа. ЈП Исар, во соработка со локална самоправа И понатаму продолжува да работи на комплетни реконструкции на улици со водоводна и канализација мрежа.“ – стои во писмениот одговор од ЈП Исар.
Од таму потврдија дека поголем дел од настанатите дефекти на теритроија на Штип се веќе санирани и граѓаните имаат вода за пиење.
Лаура Стојанова М-Нет