„Справување со загаденоста на воздухот“, што го загадува воздухот и како да се намали загадувањето?

Што го загадува воздухот и како да се стави крај на загадувањето? Денеска во Штип реализирана една од низата активности преку која се работи на пронаоѓање на загадувачите на воздухот и начинот како да се имплеметираат мерки за намалување на загадувањето.

„Ова е само една во низата активности кои ги спроведуваме за да ги идентификуваме сосотојбите со воздухот но истовремено и да имплементираме мерки кои ќе го намалат загадувањето.

Преку примери како се намалува загадувањето на воздухот во Шведска, на пример, Амбасадорката Ларсон потенцираше дека од големо значење е да се применат мерки и во државите од Западен Балкан, оти овде загадувањето особено во затворени простории е најголемо.

„За оние кои сметаат дека еколошките и климатските проблеми се трупаат се повеќе до точка на неподносливост сакам да споделам неколку искуства од мојата земја. Во вториот по големина град во Шведска во индустрикиот дел се изградени системи кои ја ловат топлината која се емитира од таму и се користи за затоплување на водата“ – вели Ларсон.

Со заменување на грејните системи во училиштата и градинките, мерки за енергетска ефикасност на јавните згради, продолжување на велосипедските патеки и градското зеленило ќе се работи на намалување на загадувањето на воздухот во државата.

„Загадувањето на воздухот е продолжување на она што претходно го започнавме и сега го проширивме проектот на нови пет општини. Со тоа ќе ни се овозможи да бидеме посеопфатни и поинклузивни во освртот кон загадувањето на воздухот во Северна Македонија. Методологијата на решавањето на загадувањето ќе опфати високи процеси, а се стремиме да ги здружиме знаењето, визијата и активизмот заедно за да го решиме ова прашање“ – вели Григорјан.

Со помош на ваквите проекти на штипскиот универзитет му се нуди можност за полесно да ги детектира загадувачите на воздухот и да реагира на истите.

„УГД во рамки на овој проект работи на два дела. Фокусирани сме пред се на идентификација на изворите на загадување и на квалитетот на воздухот во затворени простории. Со ова се зголемува капациетот на научни анализи кои ќе ги извршуваме“ – вели Мираковски.

Проектот „Справување на загаденоста на воздухот“ е финансиран од Шведска, а во партнерство со Министерството за животна средина. Истиот се спроведува оф УНДП во пет општини во државата меѓу кои и Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет