
Со пораки за чиста животна средина, селекција на отпадот, негово рециклирање и зачувување на животната средина излегоа дечињата од двете детски градинки во Штип. Со цртежи, предупредувања и апели до сите граѓани најмалите покажаа дека ттреба да се води грижа за околината и отпадот да се фрлла во канта за отпадоци.
„Во соработка со Локалната самоуправа денес дечињата од нашата градинка учествуваа во еко акцијата под мотото „Чиста животна средина за сите“. На различни локации од градот децата поставија цртежи се со цел да испратат порака до населението за почиста околина за сите.“- вели Јованова.
Целата на ваквиот настан е да не се фрлаат отпадоци на секаде во градот и со тоа да се придонесе кон зачувување на чиста околина и животна средина. Со поставување флаери со пораки се работи на подигање на свеста кај граѓаните кога е во прашање фрлањето отпад.

„Цел на оваа активност е да се подигне свеста кај децата и населението да се зачува чиста околината, играчките“ – додава Пиперевска.
Во акцијата освен детските градинки Вера Циривири Трена и Астибо, Локалната самоуправа учествуаа и општествено одговорни компании. Целта единствена отпадот да заврши во корпите за отпадоци, а не на улиците.
Кампањата за чиста животна средина започнува од детските градинки со цел децата од најмала возраст да се научат дека местото на ѓубрето му е во канти за отпадоци, а не на улица.
Лаура Стојанова М-Нет