
Среќно заврши потрагата по 53 годишникот одПробиштип кој се изгубил во шума над село Лесново. Вчеравечер бил пробајден во добра здравствена сосотојба откако го немало неколку часа. На 18.09.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Пробиштип, В.Г.(38) од Пробиштип пријавил дека околу 17.00 часот додека биле во шума над с. Лесново, пробиштипско заедно со А.М.(53) од Пробиштип, на враќање В.Г. забележал дека А.М. го нема. Веднаш биле преземени мерки за пронаоѓање на лицето и во 18.40 часот од страна на полициски службеници од ОВР Пробиштип во содејство со Територијалната противпожарна единица Пробиштип, Спортско планинарско друштво „Пробиштип“, претставник од Дирекцијата за заштита и спасување и локалното население, била извршена претрага на теренот и во 21.50 часот на место викано „Болиник“ атар на с.Лесново, А.М. бил пронајден во добра сосотојба, по што од Итна медицинска помош му бил извршен лекарски преглед.
Лаура Стојанова М-Нет