Дел од првачињата во Свети Николе одат само втора смена на училиште, рeагираат родители

Учениците во прво 3 и прво 4 одделение во ООУ „Кирил и Методиј“ во Свети Николе одат само втора смена на училиште. Родител на ученик вели дека барање имало испратено до училиштето да се регулираат смените, и децата да посетуваат настава и во првиот дел од денот.

„Во консултација со луѓе елоквентни во облас на детска психологија сме го потврдиле сопственото мислење и согласно праксата во соседните земји дека едно дете на полни и неполни 6 години е најподготвено да го освои наставниот план и прогама за 1во одделение наутро.. Ни под разно него прифаќаме утешителниот предлог на директорката, после одржани две средби за алтернативата- подрумска просторија каде би се нарушило најнапред здравјето на децата, а понатаму би им се ускратило и правото на основни услови за нормален престој. У ште помалку сметаме дека е разумно решение отпишувањето на децата од тоа и преместување до дргуо училиште,“ – стои во реакцијата која ја испратри родител до нашата редакција, а истата е доставена и до самото училуиште.

Дека реакција пристигнала во училиштето потврдуваат и од таму, но само од двајца родители кои барале нивните деца да одат прва смена. Од установата истакнуваат дека на родителите им било објаснето дека имаат само две училиници адаптирани за првоодделенчињата кои се во непосредна близина на тоалетите,.

„ На сите родители од прво одделение при уписот на своите деца, од страна на Комисијата за запишување во прво одделение им беше понуден избор за продолжен престој. Учениците кои ќе посетуваат продолжен престој се во 1.-1 и 1.-2 паралелка и истите посетуваат настава во прва смена и истите се многу повеќе часови во училиштето, а и логично е по завршетокот на наставата да имаат топол оброк, па да продолжат со другите активности. Еден од родителите предложи децата од петто одделение да одат втора смена, а нивните деца прва. Ќе напоменам дека на преден план ми е интересот на сите ученици во училиштето и дека учениците поминуваат низ три образовни прериода во текот на основното образование, па така, тежината на наставата, како и училишните обврски во првиот, вториот и третиот образовен период не се исти.

Сакам уште да напоменам дека имав поплаки од родители од паралелките 1-3 и 1-4 кои не го поддржуваат овој став и биле буквално репресирани од страна на родителот да дојдат и да се „бунат“. “ – вели Ивановска за М-Нет телевизија.

Таа додава дека во врска со подрумската училница и во врска со преместувањето на учениците во друго училиште, уилницата им беше посочена како единствена слободна училница во прва смена со напомена дека сигурно не би сакале нивните деца да престојуваат во истата. А во однос на останатото, самите родители поставиле услов дека доколку не им бидат задоволени барањата ќе ги префрлат нивните деца во друго училиште. Согласно веќе веденото може да се заклучи дека не постои можност да се излезе во пресрет на барањето на дел од родителите, додаваат од училиштето.

Лаура Стојанова М-Нет