Од 29 септември до 1 октомври, 32. издание на „Денови на кочанскиот ориз“

Од 29 септември до 1 октомври Кочани ја организира 32. по ред манифестација „Денови на кочанскиот ориз“. Кочанчани периодот ќе бидат домаќини на голем број гости од земјва и странство со што ќе се одбележат деновите на белото злато.

„Манифестацијата официјално започнува во петок на 29 септември во Градскио парк, со огнено шоу и крунисување на жетварската убавица. Настани има и во сабота, а крајот е во недела кога во селото Мојанци со традиционалното зажнејување и вршидбва на ориз“ – вели Карова.

Манифестацијата ќе биде збогатена со изложбени и продажни салони во градскиот парк, ќе се реализира хепенигот „Денови на кочанскиот ориз“, ќе се приготвуваат најразлични јадења од ориз, а манифестацијата ќе биде и од натпреварувачки карактер. Со голем број промоции на книги за време на оваа манифестација ќе се вклучи и Јавната општинска установа библиотека Искра од Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет