
Гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт ќе имаа можност во живо да го проследат соочувањето на двајцата повратници во Втората лига, Новаци и Башкими.
Новаци откако се врати во Втората лига домашните натпревари ги играше на стадионот во Битола, а од денес домашните натпревари ќе ги игра на својот терен во Новаци, што ќе биде можност плус за повеќе публика и поддршка од навивачите.
Новаци има два порази и две победи со 6 бодови на своето конто додека пак Башкими има три победи и еден пораз со девет бодови на своето конто.
Дефинитивно ќе гледаме еден неизвесен меч каде и двете екипи силно ќе ги посакуваат трите бодови, а тоа може да понуди и добар фудбал со повеќе погодоци.
Нинослав Нанков од Гостивар ќе биде главен судија, а преносот ќе стартува во 15 часот.