
Поголем дел од производите за зимница се достапни на пазарот во Штип, а цената зависи од самиот квалитет. На пример килограм ајварски пипер се продава по цена од 40 до 60 денари, што според раководителот на градскиот пазар е во нормала. Не реални се цените на доматот, кој го има се помалку.
„Има доволно количини, ама некои артикли ги нема. На пример ајварскиот пипер го има во доволни количини, а цената е од 40 до 60 денари зависи од квалитетот. Другите производи се во нормала освен доматот. “ – вели Колев.
Цената на зимницата годинава е поскапа за 20% споредбено со минатата година. Ама ова се должи и на фактот дека производството е намалено, а според Колев е заради временски услови како и немањетодоволно вода за наводнување.
„Слични се цените како лани, пиперот лани беше од 35 денари до 50 денари, сега е од 40 до 60 денари за килограм.
Според Колев сегашните цени на производите на зелените пазари се реални,со исклучук на неколку како на пример доматот.
Лаура Стојанова М-Нет