
Поплави, болести, сега суша ги пеплоса оризовите полиња. Таканаречениот „зафат“ во кој треба да се скумулира вода за наводнување на нивите во кочанско е речиси празен, а оризот вештачки зрее велат оризарите. Револтирани додаваат дека станува збор за импровизиран зафат кој самите го направиле, а сега мака мачат да добијат вода. Во оваа фаза од зреењето на оризот ако нема вода – велат за еден месец нема да има ниту жетва.
„Оризот како што и самите може да видите, еве во која состојба е, а 20 дена вода немаме. Ккога најмногу е потребно браната полна ние вода немаме. На овој ориз сега ако не му дадеме вода тоа е бадијала веќе. Сите трошоци се дадени, решенија има а улуга нема.“ – вели Димитров.
Цела година мака и пот за да се произведе за на крај да останат без род. Оризарите посочуваат дека реагирале и чекаат да им се излезе во пресрет и да се реши проблемот. Во спротивно ориз ќе нема.
„Сега момнетално на овој ориз му треба вода, тој е во онаа восочна зрелост кога најмногу му треба вода. Цела година го чекаме да го произведеме и сега кога ќе треба да се влезе за да се собере родот – нема да го има.
Од водостопанската подружница Брегалница Кочани во телефонски разговор за М-Нет телевизија посочија дека на терен се постојано и дека проблемот не е таков како што е преставен. Вода на оризот тврдат од таму дека не е потребна оти тој е во фаза на зреење и дека водата за наводнување била навремено пуштена во нивните на 24 април годинава.
Лаура Стојанова М-Нет