ОО СДСМ ШТИП- Поддршка за земјоделците со инвестиции за нови приходи од плодната македонска земја

За земјоделството како важна гранка во економијата, со конкретни мерки за поддршка на земјоделието, Владата предводена од СДСМ создава модерна гранка, конкурентна во целиот свет – ова на денес одржаната прес конференција го истакна Павел Иванов, член на Комисија за земјоделство при ОО СДСМ Штип.

Тој додаде дека земјоделците навреме ги добиваат субвенциите и сите мерки за поддршка, за да можат да го планираат своето производство и инвестиции, а со уште поголема поддршка и помош ќе продолжат и во иднина. Обезбедени се средства за субвенционирање зелена нафта, за поддршка на тутунскиот и лозарскиот сектор, со тоа што ќе се финансираат и Старт ап семејни винарии и фарми,за што се планирани три милиони евра рече Иванов и додаде се` останато што е предвидено:

„Поддршка на аграрниот сектор од 5 милиони евра преку Развојната банка.
Со 5 милиони евра ги поддржуваме микро, малите и средни претпријатија кои вршат примарно производство, преработувачите и извозот на примарни и преработени земјоделски производи.

Платежна картичка за субвенционирање на 50% од зелената нафта за земјоделците.
По ланското субвенционирање од 30%, со оваа мерка го зголемуваме субвенционирањето на потрошувачката на залена нафта на 50%. Оваа мерка ќе опфати 50.000 земјоделци, а вредноста е 4.6 милиони евра. 

Стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продукти.
Во следните три години, нашата финансиска поддршка ќе изнесува 3,5 милиони евра.

Овозможуваме јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор.
Оваа стратешка определба ќе донесе голем бенефит, првенствено за македонските лозари и тутунари, но и за самата држава и брутодомашниот производ. На краток рок, очекувањата за инвестициите треба да достигнат 10 милиони евра.

Програма за финансирање на микро земјоделски компании.
Со 3 милиони евра ќе овозможиме финасирање на Страт ап семејни винарии и фарми на кои ќе им бидат достапни грантови до 10.000 евра за опрема за преработка но и за маркетинг на растителни, млечни и месни производи.“


Преку кредит на Светска банка од 50 милиони евра ќе се овозможи и модернизација на земјоделството со цел зголемување на конкуретноста и профитабилноста.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА /МНет

Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ

Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ