Штипјанец криел пиротехнички средства во цистерна, поднесена кривична пријава

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против М.М.(53) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери“. На 14.12.2022, при преглед на товарно моторно возило „ман“, со кое пријавениот превезувал нафтени деривати, во внатрешноста на цистерната биле пронајдени пиротехнички средства.