Ветеринарни екипи на терен во штипско, се заловуваат крлежи за испитување дали се заразени со вирусот

Конго кримската хеморагична треска е болест која е присутна кај нас ама нема простор за паника, истканаа денеска од Комсијата за заразни болести откако одржаа состанок со проширен карактер. На истиот освен членови од комисијата присустуваа и од АХВ како и преставници од центрите за јавни здравје од Штип и Велес. Тестови за болеста има доволно, а има и терапија која се користи. Петличковски потенцира дека нема потреба граѓаните да бидат исплашени оти и заразата не е лесна.

„Мерки, превентивни главно, убаво информирање на населението и здравствените работници на кој начин болеста се добива, размислување и брзо процесирање. Тестови за оваа болест во моментот има доволно, дополнителна количина е нарачана и очекуваме да пристигне.“ – вели Петличковски.

Ветеринарни екипи веќе се на терен во штипскиот и велешкиот регион, со цел да се испитаат крлежите дали се заразени со вирусот. По испитувањата ќе се знае во кои региони ќе има дезинсекција со цел уништување на истите. Петличковиски потенцира дека не сите крлежи го пренесуваат висрусот.

„Таму кадешто ќе бидат детектирани се планира да се направи една дезинсекција која е клучнба превентивна мерка за намалување на ризикот. И по третпат место за паника нема бидејќи ситуација е комлетно под контрола и не се работи за лесно пренослива болест.“ – додава Петличковски.

Болеста се појави најпрво кај жена од штипско, а се зарази и рибар од велешко.

Лаура Стојанова М-Нет