„Млечна криза“ е новото поскапување на млечните производи за граѓаните во Штип

Кашкавал поскап за 30 до 40 денари, сирењето достигнува цена од 400 до 500 денари за килограм, поскап јогурт, млеко, од пет до 30 денари повисоки цени ќе имаат речиси сите млечни производи. Вкавта информација се потрвди откако дел од маркетите добија производи кои на граѓаните треба да им ги продаваат по повисоки цени. За граѓаните во Штип станува збор за млечна криза. Оддамна велат не се купува млеко секој ден оти пари има само за леб, а со повисоки цени ќе се купува еднаш во неделата.

„Тоа е голема криза, млечна криза. Скапо е и сега, со овие ниски примања не можеме ништо да направиме. Нема да купуваме, во една недела ќе купеме еден литар пресно и едно кисело млеко. Порано подобро беше, ова е млечна криза.“ – велат граѓаните.

Цените на млечните производи почнаа да се менуваат уште претходно откако Владат од 1 јули годинава ги одмрзна цените на производите. Млекото промени во цената претпре и претходната недела.

Лаура Стојанова М-Нет