
Масовна посетеност на манстиорот Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, кочанско. Верници од сите страни уште од вчеравечер го посетија местото, запалија свеќа за здравје и среќа и го прославија празиникот. Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештениците од Брегалничката епархија одржа света божествена литургија Се подготви манастирска манџа, а бројот на верници кои се овде од година во година постојано расте.
„Тука има повеќе луѓе кои помаат и што служеме на Свети Пантелејмон. Се собираат околу три до четири илјади луѓе за кои ние подготвувавме во нашата скромна кујна со донации од народот вечера.“ – вели Лефков.
Соборот на манстирскиот комплекс во село Пантелеј е стар со векови и е традиција која се негува секоја година. Со помош на донации од страна на граѓаните постојано се работи на доуредување на манастирскиот комплекс и негово одржување.
„Оваа традиција е многу години, со векови. Со благослов од отецот Иларион, има најмногу помогната околу конаците, женското монаштво во манастирот. Кој сака може да донира за манастирот, ние од никого ништо не бараме, треба да се има желба.“ – додава Лефков.
Манастирот се наоѓа во самото село Пантелеј кое е оддалечено 12 километри од Кочани, во падините на Осоговските планини.
Лаура Стојанова М-Нет