
Меморијален планинарски марш во чест на Стамен Каровски, годинава за првпат се oрганизира на Осоговските планини.
Организатор е планинарскиот спортски клуб Осогово од Кочани, а настанот ќе биде поддржан од Федерацијата на планинарски спортови и Општина Кочани. Ќе се искачува патека во должина од девет километри, се до врвот Панаѓур на надморска височина од 1669 метри.
„На 27 август ПСК Осогово од Кочани со поддршка од федерацијата за планинарски спортови и Општина Кочани ќе организира меморијален планинарски марш во чест и спомен на својот планинар Стамен Каровски. Планинарската патека започнува од туристичкиот центар Пониква на Осоговските планини и е во полукружба форма, се искачува врвовт Панаѓур со надморска височина од 1669 метри и крајот на патеката повторно завршува на Пониква. 80% од патеката е низ букова шума.“ – вели Каровски,.
Учество може да земе секој заинтересиран, а за да го стори тоа неопходно е да се пријави кај организаторот. Учесниците треба да бидат психофизички подготвени, и пред се да имаат желба за да да изодат предвидената рута.
„Пријавувањето е до 25 август на телефонски број оставен на ивентот, потребно е пријавување на секој со име и презиме бидејќи организаторот мора да извади дозвола за движење во шуми. Секој еден граѓанин може да учествува на маршот. Сам одговара за својата психофизичка подготвеност. “ – додава Каровски.
Капетан Стамен Каровски меѓу луѓето е попознат како некогашен каратист на кочански Партизан и битолски Пелистер, како и карате репрезентативец на Југославија, а со планинарство започнал да се бави пред околу една деценија. На својата листа има повеќе од 50 врвови, меѓу кои и шесте највисоки на Балканот. Учествувал на многу акции за маркација на планинарски патеки низ Македонија, кои денес се користат од планинарите и љубителите на природата од земјава и пошироко.
Лаура Стоајнова М-Нет