
Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев се подготвува за трка во Словенија закажана за 8 септември. Речиси два месеци тренинг со цел да се издржи трката во должина од над 170 километри. Освен трчање предвидено е висинско качување, а дополнителна потешкотија е планинско трчање и трачање ноќе.
„Трката е на 8 септември во Словенија. Подготовките на ова топло време малку се потешки ама мора да се тренира, еве скоро цел месец тренирам и имам уште еден месец за припрема. Должината на целата трка е 174 километри и висинско качување ќе има од 8000 метри. Временскиот лимит е околу 44 часа.“ – вели Манев .
До сега Манев учесвувал речиси на сите трки во држвата но и надвор од неа и вели очекувањата се високи и овојпат. Додава дека е подготвен, но и дека има доволно време за да може да oсвои високи резултати на трката во Словенија.
„Имам до сега учествувано на сите трки во Македонија – Бугарија, Македонија – Косово, на 100 километри, на 60. Очекувам само да успеам да издржам оти знаеме какви се условите на планина, трчање во ноќни часови. Ама спремен сум да издржам.“ – вели Манев.
Желбата е поголема од се, физички и психички проблеми нема, потешкотија се само финансиските средства кои треба да се издвојат за да се замина на трката. Ама вели не е првпат секоја трка е самофинансирана или пак со помош на спонзори.
„Оваа трка ќе биде самофинансирање да кажам, бидејќи кај нас знаеме како спортот не се вложува во него толку. Ако имам некој проблем да кажам, физички и психички – не, ама финансиски имаме потешкотии.“ додадва
Минатата недела Манев учествуваше на трка на Копаоник во Србија на 15 киометри и се пласираше на второто место во неговата категорија.
Лаура Стојанова М-Нет