Заврши партерното и хортикултурно уредување на улицата „Христијан Карпош“ во населба Леваци

Заврши партерното уредување на влезовите пред неколку згради на улицата Христијан Карпош во населба Леваци во Штип. Поставени се павер елементи, ново осветлување, урбана опрема како и хортикултурно уредување. Жителите се задоволни, велат после долги години простотрот добива поинаков лик.

„Подлогата беше неуредена, со ѓубре, трња. Сега со ова реконструкција е извршена голема промена, сменета е подлогата, а ставени се корита за заштитна цел. – вели Кожухаров.

Повозрасните граѓани апелираат да се чува направеното за да посоти подолго време. Помош за одржување е потребна и од општината.

Ваквото уредување во населба Леваци општината ја чинеше 900 илјади денари. Во меѓувреме целосно се осветли и паркот Кртеке во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет