
Заврши партерното уредување на влезовите пред неколку згради на улицата Христијан Карпош во населба Леваци во Штип. Поставени се павер елементи, ново осветлување, урбана опрема како и хортикултурно уредување. Жителите се задоволни, велат после долги години простотрот добива поинаков лик.
„Подлогата беше неуредена, со ѓубре, трња. Сега со ова реконструкција е извршена голема промена, сменета е подлогата, а ставени се корита за заштитна цел. – вели Кожухаров.

Повозрасните граѓани апелираат да се чува направеното за да посоти подолго време. Помош за одржување е потребна и од општината.
Ваквото уредување во населба Леваци општината ја чинеше 900 илјади денари. Во меѓувреме целосно се осветли и паркот Кртеке во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет