22-годишно момче од Штип фатено при обид за кражба во стан во Куманово

На 16.07.2023 во 02.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Ј.(22) од Штип. Тој бил затекнат при обид да изврши кражба во стан на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, сопственост на К.К.(67) од Куманово. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.