
Раздвижен ама и полупразен денешниот пазар во Штип. Дел од тезгите ги немаше, а произведувачите велат дека делумно е намалено и производството, дел заради временските услови, друг дел заради фактот дека веќе нема ниту кој да работи. Сезонските овошки како кајсиите, праските и сливите најбарани и најпродавани на денешниот пазар.
„Денеска најмногу се бараат кајсиите, праските и сливите. Кајсијата е од 80 до 100 денари. Праската е 60 и 70 денари за килограм.
Цена држат и доматите. Ова според продавачите се должи на фактот што доцни домашното производство, однонсо доматите на отвоворено во поголема количина ќе ги има за 15 дена.
„Цените се исти, има мал пораст на цената на доматот. Има еден вакум кој јас често го предвидував, оранжериите престануваат со производство, а касне фолиско производство.“
За купувачите денешниот пазарен ден е солиден. Цените исти како претходно и не многу високи, секој купува онолку колку му дозволува Буџетот.
За дел од овошкте какко например смоквата сѐ уште не се знае дали и кога ќе почне да се продава оти годинава условите биле лоши, согласни се продавачите.
Лаура Стојанова М-Нет