Во штипскиот Дом на млади вечерва ќе се одржи концерт на македонскиот бенд „Суперхикс“

Концертот на „Суперхикс“ е вечерашниот настан од програмата на Штипското културно лето. Последните подготовки во Домот на млади, каде концертот ќе се одржи со почеток од 21 часот, се во тек и, според директорот, Видан Лазарев, подготвени се да одговорат на предизвикот.

„Ги поканувам граѓаните на концертот на „Суперхикс“ кој е во склоп на Штипско културно лето. Тоа е македонски бенд кој свири авторска музика, еден од попопуларните наши бендови, имаат настапувано на сцена со многу популарни изведувачи и мислам дека ќе приредат одлична забава“, истакна Лазарев.

Покана за вечерашниот настан упати и градоначалникот, Иван Јорданов, кој е задоволен од досегашната реализација на 38. издание на Штипското културно лето.

„Ретко кога Штипско културно лето предизвикало внимание до овој степен кај штипската публика. Вечерва исто има причина плус, на Летната тераса во Домот на млади ќе се одржи спектакуларен концерт на познатите „Суперхикс“. Затоа ја користам оваа прилика да ги поканам сите наши сограѓани да дојдат вечерва од 21:00 часот, да присуствуваат на концертот. Ми се чини дека ова е последен настан од Штипското културно лето кој се организира во Домот на млади“, вели Јорданов.

Штипското културно лето ќе продолжи до крајот на месецов со различни манифестации и настани на повеќе локации во град Штип.

Ребека Спасова М-Нет