
Штипското кино на Киноверзум официјално ќе се отвори на 8 јули. По 20 години, со првата проекција, Штип повторно ќе има кино како некогаш. Преку современа технологија ќе се овозможи прикажување на најнови холивудски и европски филмови во просторијата на Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип. Киноверзум во Штип ќе работи секој ден од понеделник до недела, а планирано е во работните денови да има две до три проекции, додека за викенд бројот на проекции би се движел од четири до шест, во зависност од достапните филмови. Капацитетот на салата во која ќе се прикажуваат филмовите е приближно 150 места и располага со најсовремена кино опрема и ласерски проектор од најновата генерација на проектори. Во рамки на киното ќе функционира и продажен пулт за влезници, храна и пијалоци.
Проекции на филм во Киноверзум се дел и од програмата на Штипско културно лето. Проекција на филм за деца ќе има на 14 јули и уште една е закажана за 26 јули.
Ребека Спасова М-Нет