„Петровден 2023 Мешеишта“: Враништа, Еко Шпар и К.Д. Бос пресилни за своите противници

Синоќа на програмата беа нови три натпревари од групната фаза на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, спортски настан кој е под медиумско покровителство на телевизија М Нет.

Првиот меч синоќа беше најнеизвесен за публиката, екипата на Бомбаши загуби со 2:4 од БЗ Груп Враништа. Во вторито натпревар Алуминиумски огради Охрид Струга доживеа дебакл и загуби од Еко Шпар со резултат со 0:6. Во третиот меч екипата на Камионски делови Бос беше пресилна за Шумско Галичица и прокнижи победа од високи 5:0.

Вечерва ќе се одиграат нови три натпревари. Од 20:30 часот играат Ресторан Станица Викса Пром со Игор Бенд Бушиноски, од 21:30 БЗ Груп Враништа против Дебрца Експрес, 22:30 часот играат Стаклара Исмаилоски со Арена Мислешево.