
Продолжува штипската сапуница, а дисциплинска постапка за вториот човек на Општина Штип нема, реагираат на прес-конференција од ОО на СДСМ во Штип. Потсетуваат дека тие претходно апелирале за расчистување на случајот, ама Јорданов само ги заштитил локалните функционери.
„Во јавноста се шири информација за поведување на кривична постапка до Јавно обвинителство од овластено лице согласно Кривичниот законик. За потсетување во изминатиот период граѓаните се сведоци на самоволието и дрскоста на владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Додека СДСМ апелираше до надлежните институции за расчистување на случајот со дивоградбата, Јорданов помпезно најавуваше дисциплинска постапка за сторителите. Од тоа досега не видовме ништо, туку напротив застанува во одбрана на својата соработничка. Досега Јорданов го видовме во улога на портпарол на корумпираните локални функционери поставени од негова страна“, истакнаа од ОО СДСМ Штип.
Од СДСМ упатија апел до сите надлежни институции да ги преземат неопходните чекори во нивна надлежност за расветлување на случајот.
На оваа прес конференција од Општина Штип кратко преку писмено соопштение исткнаа дека додека СДСМ ги бројат последбите денови на Власт, тие работат за поубав Штип.
„Ваквите прес конференции се добро познатите очајнички обиди на СДС за дефекусирање и манипулација на јавноста. Додека тие ги одбројуваат последните денови како најлоша власт до сега, ние сме силно фокусирани на реализација на нашата програма за поубав Штип. “ – стоеше во соопштението испратено од страна на Општина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет