Да се исполни последната желба на прерано починатиот Кико, концертот во Штип ќе се одржи

Хуманитарниот концерт за Кико и покрај неговата прерана смрт сепак ќе се одржи. Вечерва во Домот на култура Ацо Шопов Штип, во големата сала ќе настапат повеќе музички имиња, а собраните средства ќе бидат доделени на друго дете на кое ќе му бидат потребни за лекување. Да се одржи овохј концерт беше последната желба на Кико, истакна денеска пред камерите на М-Нет телевизија директорор на Дом на култура, па повика на масовност за истата да се исполни.

Јутуберот Стефан Лазаров на својот фејсбук профил истакна дека на настанот вечерва сили пред присутните да се обрати ќе собере и таткото на Кико, и потенцираше дека сите собрани средства ќе бидат донирани.

„Вечер го одржуваме хуманитарниот настан кој беше планиран за прерано починатиот Кико. Желба беше негова да присуствува на овој хуманитарен концерт, оваа желба заедно со Стефан и фамилијата ќе се потрудиме да го одржиме. Средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат предадени за друго дете каде се потребни за лекување.“ – вели Трајков.

Настанот е закажан за вечерва со почеток од 21 часот во големата сала при Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип. Картите се со цена од 200 денари, и се пуштени во предпродажба на неколку продажни локации во Штип и Карбинци, а истите ќе бидат достапни и на врата.

За Кико, македонската јавност собра над 50 илјади евра, но тој не дочека да замине на лекување во Турција. Сите собрани пари ќе бидат донирани на друго дете на кое се му потребни.

Лаура Стојанова М-Нет