Продолжен е рокот за пријавувањето на турнирот во мал фудбал во Стар Караорман

Рокот за пријавување за турнирот во мал фудбал по повод празникот Св. Наум Охридски во штипско Стар Караорман е продолжен, со што сите заинтересирани може да пријават екипа до 12. јуни.

Како што веќе објави телевизија М Нет, котизацијата за учество на турнирот е 4.000 денари.

За првопласираната екипа ќе следува награда од 50.000 денари, за второпласираната екипа парична награда од 30.000 денари, додека пак третопласираната екипа ќе добие наградата од 15.000 денари. Исто така, предвидени се награди и за најдобар играч, најдобар голман и најдобар стрелец.

Турнирот ќе започне на 15. јуни, а големото финале е закажано за 3. јули.