Јорданов со контра обвинувања за кривичната пријава, СДСМ прашува дали се е под негов диктакт

Градоначалникот Јорданов најостро ги осуди и демантира информациите од страна на МВР за злоупотреба на должност на директор на детска градинка во Штип. На денешната прес конфереција Јорднов потенцираше дека станува збор за демонстрирање моќ од страна на МВР и СДСМ, додаваќи дека се предмет на тортура, незакоснки претреси и закани.

„Ова е класично демонстрирање на моќ и влијание на МВР по насока на СДСМ, со цел да се нанесе штета на угледот на институцијата и на личноста. Во изминатите месеци бевме предмет на тортура, незаконски претреси, истраги и закани од страна на инспектори од страна на СВР Штип, кои се директно поврзано со СДС. Како пример началникот чие одделение ја вршеше истрагата во градинката е брат на висок партиски функционер, секретар на СДСМ и поранешен директор на штипската гимназија“ – истакна Јорданов.

Детските реквизити се поставени во сите клонови во детската градинка и се користат од страна на децата, истакна Јорданов. Со порака до началникот на СВР Штип, но и до СДСМ, потенцираше дека ќе направат вештачење и дека ќе следуваат контра пријави.

„Градинката има набавено детски реквизити од кои најголем дел се монтирани и се користат од дечињата кои се згрижени во детската градинка и се поставени во сите клонови. Ќе направиме вештачење, некој ќе одговора за ширње лажна информација. Сакам да порачам дека ќе заработат контра пријава“ – додава Јорданов.

На денешниот прес на градоначалникот Јорданов од СДСМ прашуваат дали кршењата на Законот во општинските институции се прават под диктакт на Јорданов.

„Паниката, стравот и очајот на градоначалникот на Општина Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов секојдневно кулминира.
Јорданов мисли дека сите го протажираат неговиот начин на работење :”се што е твое е и
мое, но она што е мое не е твое” и мисли дека институциите се негова лична сопственост.
Во кое својство кабинетот на Јорданов одговараше на јавно поставени прашања до директорката на градинката АСТИБО во Штип и во кое својство денес излегува на прес да зборува покрената кривична пријава за можни злоупотреби кои ги направила директорката на детската градинка.
Дали со ова Јорданов само потврдува дека сите кршења на законите и злоупотррбите во општинските институтиции се прават под негов диктат, контрола и знаење со што свесно го руши угледот и на поединци и на институциите?“ – стоеше во писменото соопштение испратено од страна на ОО на СДСМ Штип.

Лаура Стојанова М-Нет