Успешна 2022/2023 година за СОУ„Јане Сандански“ Штип, последен училиштен ден за средношколците

Голем број на активности за време на наставата, воннаставни активности, хуманитарни акции, реализиарни проекти се само дел од работите во изминатиот период во СОУ „Јане Сандански“ во Штип. Денеска на последниот училишен ден, директорката Марија Николиќ истакна дека учебата 2022 – 2023 година може да се заокружи како доста успешна за ова средно училиште.

„Би истакнала дека оваа 2022 – 2023 година за СОУ „Јане Сандански“ Штип беше успешна година. Тоа беа реконструкција на системот за парно греење, изградба на ново спортско игралиште и замена на предниот дел од оградата на училиштето. Како акцент во поглед на наставата дека во тек на второ полугодие по настаните во Србија ние како училиште презедовме голем број на мерки, работевме на металното здравје на колегите.“ – кажа Николиќ.

Во период кој следи посочи дека акцен се става на учениците од четврта година успешно да завршат со полагање матура, како и на уписот на нови усченици во ова училиште. Николиќ и овој пат потенцираше дека уписот започнува од 20 јуни најпрвин електронски, а потоа документите ќе се носат во училиштето.

„Овој период наша цел е учениците од завршната година, успешно да ја реализираат матурата. Утре полагаат англиски јазик. Предизвик ни е уписот на ученици кои започнува од 20 јуни. Пријавувањето и оваа година ќе биде прво електронски.“ – додава Николиќ.

Во летниот период се очекува реконструкција на прозорците во училиштето, како и низа останати активности за подобри услови за учениците и вработените.

Лаура Стојанова М-Нет