Браната Калиманци на пет сантиметри пред излевање, во с. Истибање се чисти речното корито

Акумулацијата Калиманци на пет сантиметри до излевање. Обилните врнежи од дожд вчера во Источниот дел од државата ја наполнија браната, ама за сега нема простор за паника, бидејќи нема поплави. Од АД Водостопанство подружница Брегалница Кочани, истакнаа дека екипи постојано се на терен и ја следат ситуацијата со водата во Калиманци. За разлика од претходната недела кога браната прели и се поплавија неколку ниви во село Истибање, сега ситуацијата е постабилна и излевање нема. Богатинов вели дека се зависи од врнежите и атмосферските води, но се надевам дека нема да дојде до излевање на браната и поплава на нивите во виничкиот и кочанскиот дел.

„Во моментот во акумулацијата Калиманци имаме 115 милиони кубни вода. Значи тоа е 5 сантиметри до прелив. Пред неколку дена браната беше на прелив околу осум кубика излегуваа преку преливникот. Опасност од поплави моментално немаме, ние рагиравме со нашата механизација што ја имаме во истибања, така да решен е тој проблем. Во зависност од атмосферските врнежи ќе видиме како ќе биде ама за сега нема пасност.“ – вели Богатинов.

Минатата недела на терен беа екипи и од Општина Виница кои работеа на расчистување на речното корито, потегот кој минува низ село Истибање со цел да се заштита земјоделските површини. Градоначалникот Миле Петков, во телефонски разговор за М-Нет телевизија исткна дека ситуацијата се следи и дека моментално реката е чиста, а водата повлечена. Ако има потреба повторно ќе се излезе на терен и ќе се реагира.

Лаура Стојанова М-Нет