Блокирана сметката на ЈП Исар, ќе се намали бројот на вработени за надминување на ситуацијата

Сметката на ЈП Исар блокирана, 16 милиони денари треба да се подмират само кон еден добавувач. Ова се должи на недомаќинското работење на претходното раководтсво на претпријатието, но и на неподмирувањето на долговите 20 години. Јорданов на денешната прес конференција потенцира дека ќе се свика вонредна седница на Советот на Општина Штип на која ќе се направи ребаланс на Буџетот и ќе се пренаменат средства за долгот на претпријатието. Од што ќе се откаже оштината, односно од кое конто ќе се пренаменат пари ќе се знае дополнително. Додава дека промени ќе има и во бројот на вработени во претпријатието.

„Сакам да презентирам решение на проблемите, а тоа е дека мора да се направи замрзнување на новите вработувања во ЈП Исар, да се направи преструктуирање, да се намали бројот на членови на Управни одбори, да се намали бројот на превработена администрација. Веќе сме подготвени да направиме нова систематизација.“ – вели Јорданов.

Над 120 вработени ќе останат без работа, на местото на пезнионираните вработени нема да се бара замена, на терен можеби ќе се почувствува на квалитет и квантитет, но од ЈП Исар бараат разбирање од страна на граѓаните, оти ликвидноста на претпријатието мора да се врсати.

„Во ЈП Исар работат 325 вработени, ама поголем дел од нив се непродуктивни. Истите преставуваат само финансиска обврска на претпријатието. За една година наша стартешка цел е ЈП Исар да не брои повеќе од 250 вработени“ – вели Зајков.

Моментално ЈП Исар има вкупен долг од 107 милини денари. Во оваа прилика Јорданов ги повика надлежните инстируции да излезат на терен и да реагираат, како и да се поднесе одговорност за ваквта ситуација во која денеска се наоѓа претпријатието. Уверува дека и покрај ребалансот на Буџетот граѓаните во Штип нема да почувствуваат и на терен ќе се работи како и во изминатиот период.

Лаура Стојанова М-Нет