СДСМ Карбинци: Да се разреши директорот на ЈП Плачковица О. Карбинци: Долговите се стари

Да се постави нов директор на КЈП Плачковица – Карбинци бараат од СДСМ Карбинци. Во писмено соопштение испратено од ОО на СДСМ Карбинци се псоочува дека претпријатето според кварталниот извештај е во загуба од над еден милион денари, вработените се без плата, а сметката блокирана.

„ЈП Плачковица – Карбинци се наоѓа во незавидна состојба. Според податоците од кварталниот извештај во периодот од 1.1.2023.до 30.4.2023 година директорот направил загуба од 1.002.568 денари. Во моментот сметката на комуналното претпријатие е блокирана, директорот за првпат во своето работење од 18 месеци поднесува квартален извештај, вработените веќе трет месец работат без плати и платени придонеси, обврските према добавувачите тешко се плаќаат, функционирањето на претпријатието е загрозено. За разрешување и надминување на оваа состојба предлагаме: Разрешување на директорот и поставување на нов директор согласно законот за Јавни Претпријатија, свикување на седница на советот на општина Карбинци на која треба да се најдат следните точки на дневен ред: Разрешување на членовите на управниот и надзорниот одбор во комуналното претпријатие и назначување на нови члениви согласни законот за Јавни Претпријатија, Да се понуди програма за санација и покривање на загубата во ЈП,,Плачковица,, -Карбинци“ – велат од СДСМ Карбинци.

На ваквите обвинувања од Општина Карбинци потенцираа дека долгот од 20 милиони денари е наследен од претходно, а СДСМ грубо манипулира со јавноста.

“СДСМ грубо манипулираат со јавноста. ЈП Плачковица наследи долг од над 20 милиони денари од претходното раководство. Направените спогодби не биле почитувани од минатото а обврските за добавувачите претпријатието ги плаќа од време кога владееа сдсм со ЈП Плачковица. Општина Карбинци превзема мерки и направи спогодби со добавувачите со што дополнително се обврза да ги плаќа старите долгови кои се направени од 2012 до 2021 година.“ – стоеше во писмениот одговор од Општина Карбинци.

Лаура Стојанова М-Нет