Илиев: Вардар Неготино е заслужено во Втора лига, одлично навивање на „Винари“!

Вардар Неготино оваа година имаше повеќе среќа во пенал-рулетот, каде против Новаци славеше за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Цело Кичево ечеше во еден глас „Вардаре, Вардаре…“, Неготино следната сезона ќе гледа одново второлигашки фудбал.

По завршувањето на натпреварот спортскиот директор на Вардар Неготино, Бојан Илиев, за телевизија М Нет изјави дека Вардар е заслужено во Втората лига.

„Фер и коректен натпревар, одлично навивање од страна на „Винари“, честитки за фер и коректната екипа од страна на ФК Новаци. За разлика од лани оваа година бевме подобри на пенали и заслужено сме во Втора лига. Тежок и цврст натпревар, победи поспремната и кодициски подобрата екипа“, изјави спортскиот директор на Вардар Неготино, Бојан Илиев за телевизија М Нет, веднаш по завршување на натпреварот во Кичево.

Вечерва Неготино ќе го слави влезот на Вардар во Втора лига на Градскиот плоштад, каде ќе бидат пречекани фудбалерите.